FARM STAY Visible Difference Sea Horse Water Full Cream 50g

798ден

Опис

FARM STAY Visible Difference Sea Horse Water Full Cream 50g е подмладувачка крема за лице со екстракт од морско коњче. Максимално ја хидрира кожата,  ги измазнува брчките, го освежува тенот и ја прави кожата исполнета, еластична и свежа. Освен тоа ги смирува воспаленијата и иритациите, што ја прави идеална за чувствителна кожа.

Со екстракт од морскo коњче кој ја витализира и хидрира кожата, Farm stay Sea Horse Water Full Cream ја витализира и навлажнува чувствителната кожа, а исто така помага да се одржи чиста и здрава кожа создавајќи дополнителен хидрирачки слој на кожата.

Морското коњче од островот Јеју важи за најскап традиционален лек, кој се користи како антиоксиданс, за подобрување на циркулацијата на крвта и против воспаленија.

Екстрактот од морско коњче во козметиката има примена како состојка против стареење заради содржината на пептиди и специфични амино киселини, кои имаат антиоксидантно дејство.

Од тие причини, екстрактот од морско коњче се нарекува и „ПРИРОДЕН ПЕПТИД“

Пептидите се мали синџири на молекули меѓусебно поврзани со амино киселини – прототипови на протеински молекули. Лесно продираат во кожата и со себе носат активни материи. Ја подобруваат синтезата на протеини, колаген и еластин. На овој начин се зголемува еластичноста на кожата, се намалуваат брчките.

*Одгледувањето на морското коњче е под надзор на CITES (Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора), и се третира многу сериозно на законски и морален начин во согласност со прописите.

Ниацинамид е витамин Б3 кој лесно продира во клетките, бидејќи е многу растворлив во вода. Ја зголемува еластичноста, ги намалува брчките, го регулира процесот на лачење на себум, го нормализира со текот на времето, се бори против пигментацијата, акните и лузните од акни. Ниацинамид, исто така, ја изедначува текстурата на кожата, го подобрува тенот.

Екстракт од Ламинарија – огромна количина корисни материи во кафеавите алги, нема аналог во растителниот свет. Минералните соединенија, од кои голем број се наоѓаат во алгите, се високо биолошки активни. Имаат хидратантно, регенерирачко, имуностимулирачко дејство.

Пакување: 50g

Начин на употреба

По основната рутина за нега на кожа, нежно нанесете соодветна количина крем на целото лице.

На залиха

0
Кошничка
  • Нема внесено продукти.