Целосен опис
ДЕТАЛИ
ONE THING Hyaluronic Acid Complex е формулиран користејќи само 100% EWG зелени оценети суровини, од растително потекло. Не користи никакви вештачки адитиви, а исто така претставува состојка која се произведува и во човечкиот организам. Со конзистентнција на есенција, комплексот на хијалуронска киселина може да се користи кај сите типови на кожа за да се врати природното ниво на влажност на кожата.
Хијалуронската киселина продира длабоко во кожата бидејќи комплексот користи комбинација од хијалуронски молекули со ниска и висока молекуларна тежина за да ја повлече влагата во кожата и да и обезбеди богата хидратација. Поради способноста на хијалуронската киселина да црпи вода до 1000 пати поголема од својата тежина, ја остава кожата добро навлажнета од внатре кон надвор. Комплексот хијалуронска киселина ја прави кожата помазна, подебела и еластична, намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки.
Состојка погодна за кожата и одговара на сите типови кожа, вклучително и дехидрирана или чувствителна кожа. Идеален е за оние кои треба да ја вратат влагата од внатре кон надвор. Формулацијата овозможува комплексот да се користи на повеќе начини – самостојно или дури и да се меша со други производи. Можете да ја зајакнете вашата редовна рутина за нега на кожата со овој екстракт за дополнителни придобивки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ
Комплекс на хијалуронска киселина: длабински ја хидрира
вашата кожа, но и ја враќа нејзината природна густина и еластичност. Тоа и помага на кожата да ја задржи влагата што инаку би испарила. Хијалуронската киселина со висока молекуларна тежина помага да се одржи влажноста на кожата и да се намали дехидрацијата и сувоста, додека хијалуронската киселина со ниска молекуларна тежина продира подлабоко во кожата за да се додаде богата влажност.
СОСТОЈКИ
Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Sodium Hyaluronate, Butylene Glycol, 1,2-Hexaniediol, Ethylhexylglycerin, Water
НЕ СОДРЖИ:
Парабени, минерални масла, вештачки бои, триетаноламин, адитиви, алкохол, силикони, вештачки ароми, иритирачки есенцијални масла, натриум лаурил сулфат…