Користиме колачиња за да работи продавницата и — со твоја согласност — за анализа и маркетинг. Прочитај повеќе во политиката на приватност.
-10%
EYENLIP Blemish Vita C Squeeze Ampoule 30ml
1,161ден1,290ден
+23 поени
со оваа нарачка
1
На залихаШифра: 384
Погоден за:
НормалнаКомбинирана
Бесплатна испорака над 1,200 ден
Автентични производи
14 дена враќање
Опис
Витамин Ц ампула која има двојна функција: значително го подобрува и осветлува тeнот на кожата и помага против брчки.
Оваа ампула содржи нежни состојки и брзо се впива, ја хидрира и ја подобрува текстурата на кожата и ја прави кожата чиста и здрава притоа давајќи сјаен тен, намалувајќи ги флеките и црните дамки, ја осветлува хиперпигментацијата од различно потекло, ја освежува безживотната кожа и ја зголемува еластичноста на кожата.
Содржи:
- 12% витамински екстракти кои помагаат за нега на тенот на кожата и и даваат виталност на кожата.
- Витамин Ц и витамин Е кои се користат како природни состојки за избелување
- Екстракт од лимон кој помага за избелување на кожата и се грижи за безживотната кожа
- Комплекс од морков кој се состои од екстракти од морков, пиперка, папаја, и домат- синергија со ниацин кој помага за безбедно избелување и не ја иритира кожата
- Екстракт од каламанси - ја зајакнува бариерата на кожата и има избелувачки ефект. Екстрактот од каламанси содржи 30 пати повеќе витамин Ц, кој на уморната и безживотна кожа и дава енергија и рамномерен и чист тен.
- Седум видови на хијалуронска киселина кои помагаат за полна, здрава, чиста и хидрирана кожа.
Оваа ампула содржи деривати на витамин Ц, па затоа производот е стабилен на светлина и топлина и не е обоен. Содржи и растителни екстракти, кои се ефикасни за безбедно избелување на кожата и подобрување на тенот на кожата без иритации, и ги надополнува недостатоците на конвенционалните витамински ампули.
Принципи на дејство на кожата на чист витамин Ц и деривати на витамин Ц:
Чист витамин Ц може да предизвика реакција на кожата при изложување на сонце.
Чистиот витамин Ц може да пецка кога се нанесува на кожата и може да предизвика интензивирање на флеките кога се изложени на директна сончева светлина.
Дериватите на витамин Ц, предизвикуваат продукција на витамин Ц веднаш по апсорпцијата на кожата. Дериватите на витамин Ц се стабилни на светлина и топлина и може да се користат сигурно без да предизвикаат иритација.
Пакување: 30ml
Начин на употреба
После тонирање, нанесете умерена количина на кожата и оставете вашата кожа да ја апсорбира ампулата.