Семејна идеја што прерасна во нешто многу поголемо
Во 2020 година ја започнавме нашата приказна, а во февруари 2021 година ја регистриравме компанијата ДООЕЛ Елокси.
Започнавме со јасна желба – да ја доближиме корејската козметика до македонскиот пазар и да им овозможиме на луѓето полесно да откриваат брендови и производи до кои претходно тешко се доаѓаше.
Како семеен бизнис, Elloxy го градевме заедно, чекор по чекор. Зад секој нов производ, секој бренд и секоја нарачка стоеја многу истражување, планирање, работа и верба во идејата од која започнавме.
Не беше секогаш лесно. Требаше да ги пронаоѓаме вистинските партнери, да обезбедиме автентични производи, да ги следиме новитетите и да им ја доближиме корејската козметика на луѓето што дотогаш можеби само ја гледале на интернет.
Но, секоја нарачка, секое прашање од клиент и секоја порака од некој што го пронашол својот омилен производ ни даваа нова мотивација.
Со текот на времето, Elloxy престана да биде само идејата што ја имавме во семејството. Стана приказна што ја градиме заедно со нашите клиенти.

