One Thing

ONE THING претставува K-beauty бренд чиишто формулации содржат САМО ЕДНА СОСТОЈКА со највисок квалитет. Филозофијата на ваквиот принцип се состои во отстранување на непотребните трошоци и сугерира 100% од единствената состојка што и е потребна на вашата кожа.

Започнете да живеете здрав начин на живот со 100% производи од растително потекло, кои не се тестирани на животни. Убавината започнува кога ќе започнете со добар производ.

Природата ви го дава лицето што го имате на дваесет години, на вас е да го заслужите ликот што ќе го имате на педесет години.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ЗА ONE THING

ONE THING претставува K-beauty бренд чиишто формулации содржат САМО ЕДНА СОСТОЈКА со највисок квалитет. Филозофијата на ваквиот принцип се состои во отстранување на непотребните трошоци и сугерира 100% од единствената состојка што и е потребна на вашата кожа.

90% од парите вложени во луксузни козметички производи се за амбалажата на производите и трошоци за заштитното лице.

Производите на ONE THING се произведени од 100% растителна основна суровина оценети со највисоката оцена 1 од EWG зелена класификација, вегански, без додаток на никакви  други хемикалии и адитиви, освен основните  суровини.

ONE THING се залага правото на потрошувачите да знаат и сака да помогне во рационалното трошење од страна на потрошувачите.

Ако знаете дека одредена состојка за нега на кожа ви одговара совршено (екстракт од Mugwort или хијалуронска киселина на пример), тогаш  ONE THING ви овозможува да изберете едноставна формулација која го содржи само тоа. На тој начин на својата кожа ќе и обезбедите токму тоа што и е потребно, без да ја изложите на влијание на непотребни состојки.

Овие производи се овршени за оние кои се загрижени дека се чувствителни на одредена состојка, тие ги одржуваат работите едноставни и безбедни.

Од друга страна, концептот „направи сам“  (DIY = Do It Yourself) е многу забавен и интересен, каде може да ги комбинирате производите на ONE THING, според потребите на вашата кожа и е уникатна можност да бидете креативни и да уживате во негата на вашата кожа. Се разбира, во однос на начинот на комбинирање на производите, тимот на Елокси ви стои на располагање.

Така, можете да изберете неколку различни есенции или да ги измешате во шише со пумпа, или да изберете да направите поинтензивен третман користејќи лист маски (изберете која есенција сакате да ја користите, натопете ја сувата лист маска и чувајте ја на лицето 15 минути) или бустер екстракт (тонер или серум) кој ќе го додадете во вашата крема.

Сите формулации на ONE THING се веќе во совршен процент за секојдневна употреба, така што не треба да се грижите за концентрацијата на есенциите.

Овој бренд за нега на кожата ја користи моќта на состојките кои имаат влијание врз здравјето на вашата кожа, истовремено создавајќи безбедни решенија за кожата без никакви хемиски адитиви. Екстрактот Centella Asiatica е формулиран со 100% корејска Centella Asiatica одлична за ублажување на воспалението, смирување на иритираната кожа и подобрување на еластичноста на кожата. Екстрактот Houttuynia Cordata е внимателно развиен за да ги намали акните и митесерите; овој екстракт може да се користи и за подобрување на здравјето на скалпот. Екстрактот Artemisia Capillaris содржи 100% екстракт од лист од корејска Artemisia Princeps за да го подобри тенот на кожата и црвенилото додека ја осветлува кожата. Списокот на ефективни производи за нега на кожа на ONE THING не застанува тука. Истражете повеќе за производите за нега на кожа на ONE THING на www.elloxy.mk

Овој бренд често го споредуваат со The Ordinary, чиишто производи исто така, во најголема мера содржат само една состојка, иако ONE THING важи за уште поминималистчки, како во однос на пакувањето, така и во однос на формулацијата, со поголем фокус на премиум состојки.

Започнете да живеете здрав начин на живот со 100% производи од растително потекло, кои не се тестирани на животни. Убавината започнува кога ќе започнете со добар производ.

Природата ви го дава лицето што го имате на дваесет години, на вас е да го заслужите ликот што ќе го имате на педесет години.

0
Кошничка
  • Нема внесено продукти.