Користиме колачиња за да работи продавницата и — со твоја согласност — за анализа и маркетинг. Прочитај повеќе во политиката на приватност.
-50%
EYENLIP Intense Rich Active Essence 125ml
575ден1,150ден
+12 поени
со оваа нарачка
1
На залихаШифра: 476
Погоден за:
СуваЧувствителна
Бесплатна испорака над 1,200 ден
Автентични производи
14 дена враќање
Опис
Високо концентрирана микрофлуидизирана есенција за интензивна нега што ја помага хидратацијата на кожата и ја снабдува со хранливи материи со состојки добиени од соја и ателоколаген.
Со екстракција на млечнокиселинските бактерии од сојата со технмологија на тројна микрофлуидизација, хранливите материи од млечнокиселинските бактерии од соја во облик на наночестички брзо и длабоко се апсорбираат во дермисот на кожата.
Оваа есенција со течна структура ја хидрира кожата, ја подобрува нејзината еластичност и и дава здрав сјај на кожата.
Ја штити чувствителната кожа и ја смирува иритираната кожа со седум видови на растителни екстраткти кои имаат антибактериско, смирувачко и хидратантно дејство и го одржуваат балансот на вода и масло во кожата.
Ја зајакнува бариерата на кожата – клучна состојка за овој ефект е пантенолот, познат како состојка за смирување на изгореници и третман на лузни. Лесно се претвора во витамин Б5, кој е познат како магнет кој ја задржува влагата во кожата, откако ќе се апсорбира и има ефект во смирување на воспалителни процеси на кожата.
ATA Collagen 3 Complex – комплекс од три видови на колаген кој ја подобрува еластичноста на кожата и ја зајакнува бариерата на кожата.
Хијалуронска киселина ја хидрира сувата кожа, го враќа природниот здрав сјај и ја омекнува грубата кожа.
Лесно и брзо се апсорбира во кожата, без чувство на лепливост.
Наменета за:
Оние кои имаат сува дехидрирана кожа без сјај
Кожа која ја изгубила еластичноста заради недостаток на хидратација
Оние кои бараат поконцентрирана есенција од вообичаените есенции за лице
Начин на употреба:
После чистење на лицето, наместо тонер или после тонер, нанесете соодветна количина од есенцијата и тапкајте за подобра апсорпција. Препорачана количина: една пумпа за една употреба.
Пакување: 125ml
Предности во однос на есенции од други брендови:
Есенциите вообичаено доаѓаат во пакување од 100ml, оваа есенција содржи 125ml
Повеќето есенции содржат слајм од животинско потекло, оваа есенција содржи слајм од ферментирани зрна
Есенциите се најчесто густи, тешки и бавно се апсорбираат, оваа есенција содржи наночестички кои брзо се апсорбираат
Најчесто есенциите имаат висока содржина на една состојка, што може да предизвика иритации, оваа есенција содржи извонредни состојки искомбинирани од специјалистите на Eyenlip
Наспроти нерециклирачките амбалажи на другите брендови, амбалажата на овој производ е еколошка и рециклирачка.