Користиме колачиња за да работи продавницата и — со твоја согласност — за анализа и маркетинг. Прочитај повеќе во политиката на приватност.
-10%
FARM STAY Collagen&Hyaluronic Acid All-In One Ampoule 250ml
647ден719ден
+13 поени
со оваа нарачка
1
Нема на залихаШифра: 345
Погоден за:
Сите типови кожа
Бесплатна испорака над 1,200 ден
Автентични производи
14 дена враќање
Опис
Спротивставете се на стареењето на кожата со оваа моќна ампула „сè-во-едно“ формулирана со морски колаген за зацврстување на кожата и хијалуронска киселина за стабилна хидратација. Вклучете ја ампулата во вашата дневна рутина за нега, за еластична, полна и хидрирана кожа.
Овој серум во ампула е создаден специјално за третмани против стареење, овозможува забавување на природниот процес на стареење, продолжување на младоста и убавината на кожата. Поради високата содржина на активни состојки, серумот ја зголемува влажноста на епидермисот, го надополнува недостатокот на влага. Производот има пријатна гел-текстура која веднаш се апсорбира од кожата и обезбедува неверојатна удобност. Серумот не ги затнува порите, не остава траги на лепливост или маснотии.
Освен хијалуронска киселина и колаген, овој серум во ампула содржи и нијацинамид, кој спречува акумулација на меланин во кожата и на тој начин овозможува изедначување на тенот и намалување на дамки и флеки. Екстрактот од хамамелис го регулира производството на себум, го забрзува заздравувањето на поштетувањата на кожата, го намалува воспалението и ја смирува иритацијата. Екстракт од алги Djania rubens jа потхранува кожата со витамини и минерали, ги отстрануватоксичните материи и ја штити кожата од штетните влијанија на околината.
Сумирано овој серум има неколку ефекти:
Ревитализација на кожата: серумот пријатно ја лади, освежува и тонизира кожата, го ублажува заморот, стресот и напнатоста, ги збогатува ткивата со енергија и дава виталност, го враќа убавиот изглед и еластичноста.
Третман: серумот го оптимизира нивото на влага во кожата, ја нормализира микрофлората, ја потиснува активноста на патогените микроорганизми, ја подобрува циркулацијата и го стимулира производството на колаген.
Ефект на матирање: серумот активно го потиснува вишокот маснотии, го намалува производството на поткожен себум, ги стеснува порите и го неутрализира непријатниот мрсен сјај на кожата.
Придобивки:
Содржи морски колаген и хијалуронска киселина за да се подобри еластичноста на кожата и да се обезбеди длабока хидратација на кожата.
Помага во обновување на кожата и намалување на брчките.
Пакување: 250ml
Начин на употреба
Земете умерена количина и нанесете на целото лице. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.