Политика при испорака на производи
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Цената на испораката изнесува 130 ден. За нарачки над 1200 ден испораката е бесплатна.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 2-3 работни дена (За Македонија) од моментот на потврдa на нарачката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. ЕЛОКСИ го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.
Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници. Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.
Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.
Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.
Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или преку онлајн плаќање со платежна картичка.
При секоја нарачка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката на маилот кој што сте го оставиле во контакт формата.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, ЕЛОКСИ не може да превземе никаква одговорност.