Општи услови
ЕЛОКСИ ДООЕЛ е компанија која се занимава со онлајн продажба на корејска козметика. Со самата посета или купување преку нашата интернет страна www.elloxy.mk, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. ЕЛОКСИ ДООЕЛ не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.
Доколку не се согласувате со условите ВЕДНАШ да го напуштите овој веб сајт.
Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на ЕЛОКСИ и се заштитени со авторско право и сродните права.
Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотреба на податоците и описите кои ги нуди оваа страна.
Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.
За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.
Елокси го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:
– Постои ризик од губење на битни информации при преводот
– Нема иста или слична терминологија на македонски јазик
Нарачки и фактурирање
Описот на продуктите на Elloxy се дадени од страна на Добавувачите или друга трета страна која е засегната. Elloxy не ги истражува или гарантира за Добавувачите, и согласно тоа Elloxy не е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот поврзани со описот на продуктот. Цената на продуктот може да се промени во било кое време без претходно известување од страна на Elloxy.
Elloxy може во своја дискреција да го провери идентитетот на одреден купувач. Elloxy може исто така да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите на употреба. Рефундирања на средства за откажани трансакции може да бидат направени каде што е потребно.
Ако одредена нарачка стане недостапна за реазлизација, Elloxy ќе ја откаже и ќе ве извести по е-маил.
Elloxy го задржува правото да не ги процесира или откаже купувањата ако цената која била дадена под производот е грешна. Ако ова се случи Elloxy ќе ве информира преку е-маил. Дополнително Elloxy го задржува правото да ја промени продажната цена на продуктите вo било кое време.
Сите производи или услуги кои www.elloxy.mk ги нуди за продажба, односно цените приложени на истите се со вклучен ДДВ согласно нивната даночна регулатива, 18% или 5%, секако издвоени според својата даночна регулатива и производите од македонско потекло.
Со купување на било кој продукт од сајтот Вие се согласувате со Условите на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување.
ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Почитувани, во случај да Ви пристигне производ со недостаток, ние како компанија се обврзуваме да извршиме негова замена за ист производ со соодветен квалитет или пак, да го вратиме платениот износ од ваша страна, секако, недостатоците да бидат утврдени пред истекување на рокот од производот.
За сите останати производи кои ги нуди www.elloxy.mk секој купувач има право да направи поврат на производот со приложување на фискална сметка во рок од 30 дена од датумот кога била комплетирана нарачката, но, производот мора да биде во иста форма како што бил при купување, односно, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при комплетирањето на нарачката.
Паричните средства ќе бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќање од страна на купувачот или со взаемен договор, на пример како поени или ваучер кои потрошувачот може да ги искористи при правење на следна нарачка.
Правото за поврат на производ кој има соодветен недостаток или производ кој за било која причина е потребно да се врати, тоа може да се направи во рок од 30 дена по комплетирањето на нарачката, и да се испрати на нашиот email: contact@elloxy.mk
Контакт
Сите прашања во врска со Општите услови за користење треба да се доставуваат на нашата е-маил адреса: contact@elloxy.mk