Основна линија (Basic Line)
Pyunkang Yul го стави своето 40-годишно професионално знаење, нивната позната кожна клиника за ориентална медицина, во типични сини шишиња за да помогне да се подобри дневната рутина за нега на кожата. Овие производи се изработени од минимален број, но неопходни и природни состојки кои можат да се користат за сите типови на кожа без иритација.
Основната линија за нега на кожата на корејскиот бренд за убавина, дизајнира производи кои може да ги бирате според типот на кожата и состојбата на кожата. Поделена е на две под-линии Up & Down. Може да изберете линија заснована на различни композиции на кожата и фактори на животната средина – Up Line за зајакнување на виталноста кожата, за обнова на кожата која е дехидрирана и без сјај и Down Line да ја разлади кожата, оставајќи ја кожата смирена и пријатна.
Up Line
Up Line помага да се зголеми температурата на кожата што ја произведува циркулацијата на крвта и енергијата со надополнување на хранливите материи и антиоксидансите. Оваа рутина за нега на кожата е идеална за нормална, сува до комбинирана кожа, помага да се обнови слабата и уморна кожа и да добие природен сјај. Сите производи се засноваат на главната состојка, екстрактот од корен од млечна трева, во комбинација со други растенија за хидрирање и подмладување на вашата кожа.
Корен од млечна трева
Познат е и како Astragalus и Hwang qi, широко се користи во Кина како лековита билка за зајакнување на имунитетот и зајакнување на функцијата на срцето и виталноста на телото. Поседува антиоксидантите својства за зајакнување и тонирање на кожата како и антиинфламаторни својства.
Предлог рутина за нега на кожа Up Line:
Cleansing Foam, Essence Toner, Moisture Serum, Nutrition Cream, Balancing Gel, Oil.
Essence Toner
Pyunkang Yul Toner е составен од формула без вода – тој содржи 91,3% екстракт од корен од млечна трева, кој е богат со витамини, минерали, хранливи материи и антиоксиданси кои помагаат во обновување и регенерација на кожата.
Nutrition Cream
Луксузно густа крема која и обезбедува на вашата кожа интензивна хидратација и храна, без да ја чувствувате кожата мрсна. Не само што е збогатен со главната состојка на оваа линија, екстракт од корен од млечна трева, исто така е формулиран со шеа путер и пчелин восок за да ја задржи влажноста и да ја изедначи кожата.
Eye Cream
Хигиенскиот крем за очи е богат со хранливи состојки како што се коренот на млечна трева, екстракт од женшен и шеа путер. Крем против брчки кој помага во борбата против знаците на стареење, дехидрираност, подуеност околу очите, додека ги намалува појавите на темни кругови и подочници.
Pyunkang Yul Oil
Лесно природно масло кое содржи 100% природно добиени состојки кои помагаат да се обезбеди антиоксидантна заштита за здрава и сјајна кожа. Ова веганско масло за лице содржи 7 природни есенцијални масла и шеа путер – кои содржат многу витамини, како јојоба, сончоглед, лимон, масло од бергамот за негување на кожата и рузмарин, лаванда, масло од здравец за смирување и измазнување на кожата.
Balancing Gel
Хидратантна крема за лице во вид на гел која хидрира и помага да се изедначи грубата и сува кожа. Овој производ за ревитализација на кожата има леплива текстура слична на мед, па затоа е подобро да ја користите во последниот чекор од рутината за нега на кожата. Формулиран со само 7 EWG проверени состојки, вклучително и корен од млечна трева и семе од јојоба, кои овозможуваат кожата да биде мека и еластична.
Down Line
Down Line во основа ја намалува температурата на кожата што помага да се спречи забрзано губење на вода и да се смири иритираната кожа. Овие корејски производи за убавина имаат ефект на хидрирање и смирување на чувствителната кожа како последица на различни фактори како што се изложување на сонце, клима, стареење и загадување на воздухот. Овaa рутина за нега на кожата се препорачува за комбинирана до мрсна кожа и чувствителнa кожа.
Корен од Coptis Japonica
Коренот од Coptis Japonica се дистрибуира и култивира како традиционална лековита билка во Источна Азија поради неговите антиинфламаторни, антиоксидантни и антимикробни, како и својства против стареење. Според Здружението на козметички научници и Société Française de Cosmétologie, ефикасно делува при намалување на отоците на кожата со својата клучна компонента, берберин.
Предлог рутина за нега на кожа Down Line
Cleansing Foam, Mist Toner, Moisture Ampoule, Moisture Cream
Mist Toner
Тонер од типот на спреј помага во ублажување на иритацијата и црвенило на кожата со ефекти на непосредно ладење, ја задоволува жедта на вашата кожа со освежувачка влажност. Овој смирувачки тонер за лице е составен од 91,9% екстракт од корен од растението Coptis Japonica и хијалуронска киселина, правејќи ја кожата смирена и хидрирана.
Moisture Serum
Лесен и ревитализирачки серум за лице, одличен за смирување и навлажнување на кожата, обезбедуваjќи обилна хидратација. Како мешавина од масло и формула базирана на вода помага во урамнотежување на водата и маснотиите на вашата кожа и ја зајакнува бариерата на кожата.
Moisture Ampoule
Силно потентен засилувач на хидратацијата, кој содржи 6 EWG сертифицирани нежни состојки кои се добри за чувствителна кожа, склона кон црвенило и иритација на кожата. Хранлива но, смирувачка формула помага да се оживее кожата која е без сјај, дехидрирана и груба.
Moisture Cream
Овој нежен крем за лице лесно се впива во дехидрирана кожа без да остави лепливи траги. Формулиран со екстракт од корен Coptis Japonica и масло од јојоба, помага за воспоставување на рамнотежата на кожата и ја заштитува вашата кожа, подобрувајќи ја нејзината бариера. Може да се користи како секојдневна хидратантна крема за сите типови на кожа но, идеална е за мрсна, чувствителна и кожа склона кон акни.
ACNE Line
Оваа реномирана корејска клиника за ориентална медицина развива специјални формули за чувствителна кожа што е склона кон акни, дамки, црвенило, иритација и црнки. Специјалната линија за третман содржи пептиди и други лековити и смирувачки состојки кои помагаат за обновување на кожата, контрола на себумот и намалување на воспалението (анти-инфламаторно дејство).
Acne Toner
Одличен тонер за кожата со акни кој помага во одржување на балансот и хидрирање на кожата после чистење. Има водена лесна текстура што го прави да се апсорбира прилично брзо. Благодарение на составот од смирувачки и пилинг состојки, овој тонер ги отстранува мртвите клетки од кожата, ја омекнува текстурата на кожата и ја смирува кожата склона кон акни.
Acne Spot Cream
Овој третман, се нанесува локално на самото место и е специјално решение за кожата погодена од акни, а истовремено спречува повторување на акните. Со своите силни антиинфламаторни ефекти, овој високо концентриран пептид помага во брзото ослободување од акните за кратко време (од 12-24ч).
Acne Cream
Pyunkang Yul кремот за акни е еден од најдобрите навлажнувачи за кожа склона на акни. Тоа е крем без маснотии, лесен, со смирувачки и лековити својства. Формулиран со кора од бела врба, суспензија од плод од форситиа и Centella Asiatica, помага во разладување на иритираната и воспалена кожа, спречува бактериска пенетрација и го контролира производството на себум, истовремено зајакнувајќи ја регенерацијата на нови клетки.
Acne Spot Patch
Супер-тенка хидроколоидна лепенка помага во лекување на акните со природно прекривање. Помага да се извлечат сите масти и нечистотии од мозолчињата и да се заштитат проблематичните области од понатамошно ширење на бактерии кои предизвикуваат акни, а исто така ги минимизираат и лузните од акните.
Acne Dressing Mask Pack
Маска која се користи како решение за нега при итни случаи, кое се фокусира на вашите посебни, засегнати области, наместо на целото лице. Многу брзо ги смирува и навлажнува насочените области (10 минути).
Кои производи на Pyunkang Yul треба да ги користам за мојот тип на кожа ?
- Мрсна кожа:
Mist Toner, Moisture Ampoule, Moisture Cream
- Сува кожа:
Cleanser, Essence Toner, Facial Oil, Nutrition Cream, Intensive Repair Cream, Balancing Gel
- Комбинирана кожа:
Cleanser, Mist Toner, Moisture Cream, Moisture Ampoule/Serum