Правила наградната игра „Elloxy – Заблескај и освои“

Инсталирајте и најавете се на мобилната апликација Elloxy-AI Skincare & Shop и играјте за главната награда iPhone 17

Наградната игра започнува на 25.09.2026 година во 00:01 часот и трае до 25.12.2026 година до 23:59 часот.

Со секое поединечно купување на Производите се добива по еден промотивен код за учество во Наградната игра.

Во наведениот период учесниците можат да внесуваат промотивни кодови преку мобилната апликација Elloxy-AI Skincare & Shop. Добитниците се определуваат преку извлекувања на дневно, неделно и месечно ниво, а во рамките на Наградната игра се доделуваат вкупно 789 награди. Еден валиден код може да учествува во повеќе извлекувања и да освои повеќе различни награди, согласно овие Правила.

Кодовите се доделуваат:

1) при купување во физичката продавница Elloxy во Рамстор Мол – Скопје, при извршеното купување;

2) при купување преку веб-страницата www.elloxy.mk или преку мобилната апликација Elloxy-AI Skincare & Shop, при доставата на нарачката.

Доколку купувачот, согласно применливата политика за испорака и враќање на Производите, целосно или делумно ги врати Производите од купувањето врз основа на кое е доделен промотивниот код, кодот нема да учествува во Наградната игра, односно ќе се смета за невалиден.

Секој код може да биде внесен во Апликацијата само еднаш. Еден учесник може да учествува неограничен број пати со различни валидни кодови, а секој валиден код може да учествува во повеќе извлекувања и да освои повеќе различни награди.

Организаторот може, заради проверка на валидноста на учеството, да побара од учесникот да ја приложи фискалната сметка, потврда за нарачка или друг доказ за купувањето врз основа на кое е издаден кодот.

 

Како да учествуваш?

За учество во Наградната игра, учесникот треба да ја инсталира бесплатната мобилна апликација Elloxy-AI Skincare & Shop, достапна за преземање преку App Store и Play Store.

Учесникот треба да биде регистриран корисник на Elloxy. Регистрацијата, доколку учесникот не е претходно регистриран, може да се изврши преку веб-страницата https://elloxy.mk/ или преку Апликацијата. Доколку учесникот веќе има корисничка сметка, се најавува на својот постоечки профил.

Кодот се внесува преку апликацијата во делот Профил->Наградна игра->Внеси код.

 

Доделување награди

Добитниците на наградите се известуваат преку нотификација во Апликацијата и по електронска пошта на адресата поврзана со нивната корисничка сметка.

Наградите се подигнуваат во нашата продавница Elloxy во Рамстор мол, Скопје.

 

Официјални правила на наградната игра на линкот подолу:

Прочитај повеќе

 

Elloxy AI
мобилна апликација


Твојот skincare избор сега може да биде многу поедноставен. Elloxy е првата македонска апликација за нега на кожа со вештачка интелигенција, каде на едно место можеш да најдеш производи и персонализирани препораки според потребите на твојата кожа.

Преземи ја апликацијата и започни ја својата рутина.

0
Кошничка
  • Нема внесено продукти.