Која е разликата помеѓу тип на кожа и состојба на кожа?
Една од главните разлики е во тоа што секој има тип на кожа, но не секој има заболување/состојба на кожата. Типот на кожата претежно е предодреден од вашите гени, додека состојбата на кожата може да се однесува на привремени состојби на вашата кожа. Некои состојби на кожата можат да произлезат од генетски фактори, но исто така можат да потекнуваат од хормонски дисбаланс, фактори предизвикани од начинот на живот, и може да се појават на различни типови на кожа. Некои од вообичаените проблеми со кожата вклучуваат дехидратација, оштетување на сончевите зраци, знаци на стареење, акни, црвенило и хиперпигментација.
Како да го одредите типот на вашата кожа?
Првиот чекор кон откривање на вашиот тип на кожа е да ја направите кожата подготвена за тест, за да обезбеди оптимален резултат. Анализирајте ја вашата рутина за нега на кожата и селектирајте кои состојки и производи најчесто предизвикуваат проблеми со вашата кожа и проверете дали користите погрешни производи или пропуштате некој важен чекор во вашата рутина. На пример, користење комедогени состојки за кожа склона кон акни, или груби хемикалии на чувствителна кожа, или прескокнување на чекорот за пилинг во вашата рутина. Поправете ги овие основни пропусти што ги откривте и оставете вашиот вистински тип на кожа да се открие. Сега сте подготвени да направите едноставен тест за да ја идентификувате вашата кожа.
Чекор еден: Направете двојно чистење! Користете чистач или средство за отстранување на шминка на база на масло за да ги отстраните сите траги од шминка, вишок себум или други остатоци растворливи во масло. Продолжете со благо средство за чистење на лице на база на вода за да ги отстраните остатоците.
Чекор два: Нежно тапкајте за да се исуши кожата и оставете ја – не ставајте производи како тонери, навлажнувачи или серуми.
Чекор три: Почекајте најмалку 30 минути.
Чекор четири: Анализирајте ја вашата кожа и утврдете ги уникатните карактеристики.
#Сува кожа
Ако вашата кожа ja чувствувате затегната или чувствувате јадеж и е груба во текот на целата година, особено по чистењето, и веднаш впива хидратантна крема за лице, веројатно имате сува кожа. Може да се лупи и да се појават предвремени брчки или иритација на кожата. Причините за сува кожа може да бидат многу фактори како што се генетика, нерамнотежа на хормони, стареење, изложување на сонце (УВ), топли тушеви/бањи, греење во затворен простор, премногу користење на пилинг, груби состојки од козметика, сапуни и средства за чистење.
Сува кожа наспроти дехидрирана кожа?
Важно е да се знае дека постои разлика помеѓу сува кожа и дехидрирана кожа. Многумина претпоставуваат дека сувата кожа е недостаток на влажност, но сувоста е предизвикана од недостаток на масло, природни навлажнувачки фактори (NMF), кои природно се произведуваат во здрава кожа. Ова вклучува аминокиселини и уреа, кои помагаат да се врзе водата во кожата и да се зголеми функцијата на заштитна бариера за одржување на влажноста на кожата. Терминот сува кожа се користи за да се опише типот на кожата, а дехидрирана кожа е предизвикана од недостаток на вода и е привремена состојба на кожа што може да се појави кај сите типови на кожа.
- Некои карактеристики на сува кожа може да бидат:
- Скоро невидливи пори
- Чувство на затегнатост
- Црвенило
- Блед тен со мала еластичност на кожата
- Видливи фини линии
Совети за нега на сува кожа
Кога станува збор за борба против сувоста, може да помогне користење на хидратантни креми со богата текстура. Општо земено, овие креми за лице обично содржат поголема содржина на масло, хијалуронска киселина, глицерин, шеа путер и церамиди.
Држете се подалеку од производи кои содржат алкохол или груби средства за чистење на лицето, наместо тоа користете нежно средство за чистење. Држете се до производи за убавина без мирис бидејќи сувата кожа е веројатно иритирана од одредени хемиски синтетизирани мириси. Редовната ексфолијација со нежни, неабразивни состојки помага да се обноват клетките на кожата без да се уништат природните масла на кожата. Само бидете претпазливи со преголемо користење на пилинг, користете го еднаш или два пати неделно. Редовно користење хидрантни маски за спиење може да помогне да се задржи вашата кожа мека и еластична. Исто така може да направите промени во вашиот секојдневен начин на живот и навики, за да ја одржите сувата кожа во подобра состојба – да избегнувате предолги топли тушеви.
#Мрсна кожа
Мрсната кожа е еден од типовите на кожа кој може полесно да се утврди бидејќи се забележува сјајот на лицето и вратот. Кај мрсната кожа може да почувствувате дека повторно сакате да го миете лицето попладне, бидејќи се чувствува вишокот на масло на кожата. Големото производство на масло може предизвика појава на пори, но добра вест е што кожата е помалку склона кон брчки и дехидратација.
Заеднички карактеристики на мрсна кожа може да бидат:
- Зголемени пори
- Сјаен тен
- Црнки
- Кожа склона кон акни
Совети за нега на мрсна кожа
За масен тип на кожа треба внимателно да се изберат производи за нега на кожата и шминка. Користете хидратантни креми без масло, некомедогени производи и состојки кои се борат против акни, како што се салицилна киселина, гликолна киселина, бензол пероксид и чајно дрво. Не користете густи и тешки креми, производи за шминка на база на масло затоа што вашата кожа ќе ја апсорбира влажноста, а остатокот ќе остане на површината на кожата. Ова може да доведе до затворање на порите и дополнителен сјај на лицето. Клучно е да се ексфолираат мртвите клетки на кожата кои предизвикуваат блокада на порите. Масната кожа е исто така склона кон PIH (постинфламаторна хиперпигментација) што веројатно ќе остави темни дамки и лузни од акни. Редовна ексфолиација помага во обнова на клетките, го рафинира тонот и текстурата на кожата, како и осветлување на лузните.
#Комбинирана кожа
Комбинираната кожа е најчестиот тип на кожа, но може да биде покомплексно за да се одреди бидејќи има два различни типа на кожа на лицето. Кожа честопати е мрсна во Т-зоната што вклучува чело, нос и брадата поради високото производство на масло. Останатите делови на лицето, како образите, се суви, ронливи или нормални. Овој тип на кожа може да се менува и сезонски, така што вашата кожа може да биде мрсна во текот на летото и сува во зима.
Заеднички карактеристики на комбинираната кожа може да вклучуваат:
- Зголемени пори и сјајна кожа претежно во Т-зоната
- Црнки
- Лузни од акните
- Може да има хиперпигментација како темни дамки
- Кожа склона кон акни
Совети за нега на комбинирана кожа
Да се справите и со сува и со мрсна кожа значи дека враќањето на рамнотежата на кожата е клучно за здрава кожа. Пилингот е суштински дел од рутината за нега на комбинирана кожа, бидејќи помага да се отстранат мртвите клетки од кожата на сувите делови на кожата, а истовремено да се исчистат затворените пори. Избегнувајте груби состојки и производи со мириси но, одлучете се за производи за нега на кожата со природни екстракти како што се зелен чај, centella asiatica, алое вера за смирување на иритација на кожата и црвенило. Користете средство за чистење за балансирање на pH, тонер и навлажнувачки крем за да ја изедначите кожата, и нанесување на третмани на места каде имате акни. Корисен совет – покисело pH е подобро за балансирање на маслото во вашата кожа.
#Нормална кожа
Доколку вашата кожа не е премногу сува или премногу мрсна, тогаш вие имате одличен баланс на масло и хидратација. Ова е еден од најретките типови на кожа, а ако вие го имате треба да бидете среќни и да им се заблагодарите на вашите
родители за гените! Добро избалансираната здрава кожа може да ги толерира повеќето производи за убавина без негативна реакција. Ова е навистина феноменално бидејќи тоа значи дека можете да играте и да се забавувате експериментирајќи со нови средства за чистење на лице, маски за спиење и производи за шминка. Едно нешто што треба да се напомене е дека дури и ако кожата ви e без сјај, или повремено се појавуваат акни или други проблеми со кожата, можат да исчезнат прилично брзо.
Карактеристики на чувствителна кожа:
- Мали, не многу видливи пори
- Кадифена, мека и мазна текстура
- Без сериозни чуствителности на кожата
- Сјаен тен
Совети за нега на нормална кожа
Тип на нормална кожа е еден од најлесните типови на грижа, но мора да се запомне дека кожата може да се промени со текот на времето како резултат на сезоните, стареењето, промената на нивото на хормоните и настаните во животот. Ако се појави хормонална нерамнотежа, може да почувствувате сувост или чешање на кожата, па дури и појава на цистични акни. Важно е да останете во тек со редовната рутина за нега на кожата, и што е најважно, со заштита од сонце. Овој тип е еден од првите типови на кожа кои покажуваат знаци на стареење и еден од главните еколошки фактори што ја стареат се ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето. Тоа е така, затоа што, штом навлезат во кожата, тие го оштетуваат колагенот и го спречуваат развојот на нов колаген, оставајќи ја кожата помалку цврста, дозволувајќи им на фините линии и брчките да се развијат. Користете добар SPF 30 (или повисок) и крем против стареење со состојки како хијалуронска киселина, витамин Ц, церамиди и ретиноиди.
#Чувствителна кожа
Ако вашата кожа има голема тенденција за појава на црвенило, иритација на кожата, чешање и осип на кожата, веројатно е дека сте имате чувствителна кожа. Ова може да биде предизвикано од генетика, фактори на животната средина, или алергии. Ако страдате од кожни нарушувања или алергиски реакции како розацеа, егзема, астма, атопичен дерматитис, алергиски ринитис, веројатно имате чувствителна кожа.
Карактеристики на чувствителна кожа може да вклучуваат:
- Кожа што лесно се иритира, воспалува, сува и чувство на јадеж
- Чест осип
- Црвенило, оштетена кожа
- Чувство на печење или пецкање по примена на производи за кожа, особено со синтетички мириси и бои.
Совети за нега на чувствителна кожа
Да се најде совршен производ за убавина што нема да ја иритира чувствителната кожа е предизвик. За жал, не е лесно да се утврди единствена причина за чувствителност на кожата; сепак, може да забележите дека развивате симптоми, како одговор на одредени предизвикувачи. Заеднички активирачки состојки се мириси или бои, сулфати, парабени и други груби хемикалии кои можат да ја влошат чувствителноста на кожата и алергиите. Бидејќи чувствителната кожа бара козметички производи кои нежно ја третираат но, се ефикасни, побарајте производи за природна убавина со помалку додатоци. Изберете производи за нега на кожата со хипоалергични етикети, без мирис, со смирувачки, лековити или антиинфламаторни својства како што се зелен чај, муцин на полжав, centella asiatica, алое вера и прополис. Одличен тест на кожата кој овозможува да ја испитате вашата алергиска реакција на производот и да видите дали е погоден за вашата кожа. Прво испробајте го производот и нанесете мала количина на некаде скриена област но, близу до областите каде што ќе се нанесува производот, како што се вилицата, страната на вратот или зад увото. Почекајте неколку часа или 24 часа за подобар резултат и побарајте знаци на црвенило или иритација на кожата. Ако не можете да забележите никакви алергиски реакции, безбедно е, тој производ да го додадете во рутината за нега на кожата. Последното нешто што сакате е да испробате нов производ на целото лице и да имате несакана реакција.
Градење на вашата совршена рутина за нега на кожата!
Без оглед каков е вашиот тип на кожа, одличната рутина за нега на кожата со соодветни производи може да ви помогне да го лекувате и одржувате целокупното здравје на кожата и да ги подобрите состојбите на кожата како што се дамки, хиперпигментација, црнки и оштетувања на кожата. Да се најде вистинскиот хидратантен крем за вашата кожа е комплексно, но треба да се знае дека тоа е суштински дел за здрава и сјајна кожа. Бидејќи состојбата на кожата се менува со текот на времето, обрнете подобро внимание на нејзините потреби за таа да функционира и да изгледа најдобро. Ова ќе и помогне на вашата кожа да биде избалансирана и блескава.