Пубертетот е период на големи промени во организмот, но пред се хормоните и нивните варијации се главната причина за појава на акни во пубертетот.
Во тој процес, најважна улога играат хормоните наречени; андрогени.
Андрогените хормони се машки полови хормони и нивните концентрации се зголемуваат, за време на пубертетот, и кај девојчиња и кај момчиња.
Кај момчињата, се разбира, повеќе и тоа е причината зошто мозолчињата во пубертетот се почест проблем кај момчињата отколку кај девојчињата. После пубертетот, работите се променуваат.
Жените имаат повеќе проблеми со мозолчиња отколку мажите, но тоа е посебна приказна.
Причини за појава на пубертетски акни се:
- козметиката што ја користат односно не ја користат тинејџерите, поточно не го чистат и одржуваат своето лице
- повреди предизвикани од триење на кожата
- периодот пред менструацијата и хормоналните промени што се јавуваат кога станува збор за девојчиња
- стресни ситуации, како што се пред тест, перформанси и слично
Масно лице во пубертет
Масното лице е поподложно кон појава на акни. Сето тоа се случува, бидејќи лојните жлезди создаваат прекумерно себум во овој период и така се создаваат идеални услови за развој на бактерии на кожата, а со самото тоа и појава на акни.
Затоа, сите тие лоши навики, неправилната исхрана, нечистотијата, бактериите само ќе допридонесат за нивниот раст и развој.
Како се случува појава на акни во пубертет?
Поради хормонските промени кои се случуваат во пубертет, кожата создава поголема количина на маснотии.
Како што го допираме лицето во текот на денот, нечистотиите се “лепат” за себумот или маснотии, кои пак навлегуваат во порите и таму се складираат (црнки или белки).
Доколку оваа нечистотија и масло, не се отстранат, лошите бактерии се хранат и тие се доволно “јаки” за да предизвикаат бурна реакција наречена воспаление, кое од црнка/белка ќе прогресира до папули/пистули односно акни.
Мастите се акумулираат во порите, карпестите дупки на нашата кожа. И, иако ќе биде релативно лесно да се измие од другите делови на кожата, тој останува заробен во порите. Оваа ситуација е одлична основа за акумулација на нечистотија и храна за бактериите. Кога бактериите се размножуваат, се јавува воспаление што за нас е познато како мозолчиња.
Третман на пубертетски акни:
Покрај одржувањето на здрави животни навики, како во пубертет, така на било која возраст, важно е одржувањето на хигиена на кожата.
Во пубертет (од 12 до 18 години) најважно е третманот да биде сведен на минимум, а притоа да е довочно делотворен – да се постигне чистење и хидратација на кожата.
Предлог рутина за чистење и третман на пубертетски акни:
УТРИНСКА РУТИНА
Најпрво треба да се започне со примена на воден чистач и наутро (како прв и единствен чекор) и навечер (како втор чекор од двојни чистење).
Како предлог за чистач, наменет за овој тип на кожа може да се применува HaruHaru Wonder Black Rice Moisture 5.5 Soft Cleansing Gel
Хидратантен чистач, погоден дури и за најосетливата кожа кој ќе овозможи длабинско чистење на порите од сите нечистотии.
Тоа што е голема предност на овој чистач е тоа што тој има рН~5.5 што значи дека, после негова примена кожата ќе остане мека, нежна, без чувство на затегање и без иритации.
Тоа е така бидејќи кожата има кисела рН вредност (измеѓу 4 и 5.5) и истата треба да се одржува во тие размери со цел да се одржи и нормална кожна флора.
Составот на овој чистач е уникатен и тој вклучува; екстракт од ферментиран црн ориз кој што навлажнува и обезбедува заштитни антиоксиданси, додека ферментираниот бамбус ја смирува иритацијата, ја осветлува и чисти кожата. Додатоците како коко бетаин (coco betaine), трехалоза и екстракт од корен од женшен – Panax дополнително ја хидрираат и ја зајакнуваат бариерата на кожата.
После чистење на лицето, наутро, нема потреба да се употребува ништо друго (освен крема со СПФ) со цел да се поедностави рутината и да не предизвикува одбивност кај тинејџерите односно за да бидеме сигурни дека тие ќе се придржуваат кон истата потребно е да ја сведеме на (ефикасен) минимум.
Крема со заштирен фактор (СПФ) која може да се употребува за третман на пубертетски акни е SOMEBYMI Truecica Mineral Calming Tone-Up Suncream SPF50+/PA++++
Овој продукт има уникатен состав кој вклучува концентирана вода од чајно дрво, антиоксиданс со антивоспалително дејство, кој ќе спречи појава на иритации на кожата.
Како филтер кој ќе заштити од синчевите зраци, овој продукти има цинк оксид кој делува така што забрзува заздравување на кожа и спречува развој на бактериски инфекции. Тој од друга страна, ги намалува воспаленијата на кожата и црвенилото предизвикано од акни, алергии и иритации. Цинкот има учество и во лекување на оштетена кожа.
Цинкот делува преку:
- Промовира заздравување на рани
- Спречува развој на бактериски инфекции
- Забрзува заздравување на акни
- Ги намалува воспаленијата на кожата и црвенилото предизвикано од осип, алергии и иритации
- Помага во лекување на оштетена кожа и изгореници
ВЕЧЕРНА РУТИНА
Вечерната рутина секогаш треба да започне со примена на маслен чистач со кој што длабоко ќе се исчисти кожата.
После маслениот чистач, треба да се продолжи со истиот гел од утрото со цел да се до-отстранат остатоците од нечистотии. Само така ќе бидеме сигурни дека кожата е скроз чиста и спремна за серуми/креми кои ќе делуваат во текот на ноќта (кога ние одмараме, кожата работи интензивно).
Како предлог за маслен чистач, повторно одиме со нешто хидратантно како THE FACE SHOP Cleansing Light Oil (за масна/комбинирана кожа) или THE FACE SHOP Rice Water Bright Rich Cleansing Oil (нормална или сува кожа).
И двете масла имаа хидратантен состав, но според % на активни и помошни компоненти се поделени според тип на кожа.
И во двете масла главна активна компонента е оризовата вода.
Таа е полна со аминокиселини, витамини, минерали и други хранливи соединенија кои ќе помогнат да:
- ја исчистиме кожата,
- да го подобриме изгледот на порите (односно да го намалиме нивниот дијаметар),
- го стимулира обновување на клетките,
- третира акните
- осветлува и зацврстува кожа
Оризот содржи γ-оризанол, кој е моќен антиоксиданс што може да го забави интензитетот на хиперпигментацијата и да спречи појава на пеги и флеки.
Како што кажавме погоре, после примената на маслен чистач се продолжува со примена на воден чистач, односно истиот гел од утринската рутина.
Повторно, со цел да биде едноставна рутината со минимум чекори и максимум ефект, како завршница или последен чекор на ноќната рутина може да се употребува SOMEBYMI AHA BHA PHA 30 Days Miracle Cream.
Крема која вклучува комбинација на:
- АНА и РНА (кои ќе делуваат над кожа и истовремено ќе ја хидрираат кожната бариера),
- ВНА (која ќе делува на прочистување на пори)
Освен тоа како основа во која се додадени сите киселини, овој продукти има цика или центела која има голем број придобивки врз кожата на лицето и генерално, врз кожата на телото, кога се применува во форма на соодветно формулиран препарат.
Таа е богата со аминокиселини, масни киселини, бета каротен, како и со витамини: C, A, B1 и B2.
Употреба:
- Смирува иритирана кожа
- Смирува чувствителна кожа
- Намалува акни и спречува нивна понатамошна појава
- Намалува интензитет на боја на флеки и појава на нови
Instagram: