Водич за производите на Pyunkang Yul

Сподели

Share on facebook
Share on linkedin
Share on twitter
Share on email

Основна линија (Basic Line)

Pyunkang Yul го стави своето 40-годишно професионално знаење, нивната позната кожна клиника за ориентална медицина, во типични сини шишиња за да помогне да се подобри дневната рутина за нега на кожата. Овие производи се изработени од минимален број, но неопходни и природни состојки кои можат да се користат за сите типови на кожа без иритација.

Основната линија за нега на кожата на корејскиот бренд за убавина, дизајнира производи кои може да ги бирате според типот на кожата и состојбата на кожата. Поделена е на две под-линии Up & Down. Може да изберете линија заснована на различни композиции на кожата и фактори на животната средина – Up Line за зајакнување на виталноста кожата, за обнова на кожата која е дехидрирана и без сјај и Down Line да ја разлади кожата, оставајќи ја кожата смирена и пријатна.

Up Line

Up Line помага да се зголеми температурата на кожата што ја произведува циркулацијата на крвта и енергијата со надополнување на хранливите материи и антиоксидансите. Оваа рутина за нега на кожата е идеална за нормална, сува до комбинирана кожа, помага да се обнови слабата и уморна кожа и да добие природен сјај. Сите производи се засноваат на главната состојка, екстрактот од корен од млечна трева, во комбинација со други растенија за хидрирање и подмладување на вашата кожа.

Корен од млечна трева

Познат е и како Astragalus и Hwang qi, широко се користи во Кина како лековита билка за зајакнување на имунитетот и зајакнување на функцијата на срцето и виталноста на телото. Поседува антиоксидантите својства за зајакнување и тонирање на кожата како и антиинфламаторни својства.

Предлог рутина за нега на кожа Up Line:

Cleansing Foam, Essence Toner, Moisture Serum, Nutrition Cream, Balancing Gel, Oil.

Essence Toner 

Pyunkang Yul Toner е составен од формула без вода – тој содржи 91,3% екстракт од корен од млечна трева, кој е богат со витамини, минерали, хранливи материи и антиоксиданси кои помагаат во обновување и регенерација на кожата.

Nutrition Cream

Луксузно густа крема која и обезбедува на вашата кожа интензивна хидратација и храна, без да ја чувствувате кожата мрсна. Не само што е збогатен со главната состојка на оваа линија, екстракт од корен од млечна трева, исто така е формулиран со шеа путер и пчелин восок за да ја задржи влажноста и да ја изедначи кожата.

Eye Cream

Хигиенскиот крем за очи е богат со хранливи состојки како што се коренот на млечна трева, екстракт од женшен и шеа путер. Крем против брчки кој помага во борбата против знаците на стареење, дехидрираност, подуеност околу очите, додека ги намалува појавите на темни кругови и подочници.

Pyunkang Yul Oil

Лесно природно масло кое содржи 100% природно добиени состојки кои помагаат да се обезбеди антиоксидантна заштита за здрава и сјајна кожа. Ова веганско масло за лице содржи 7 природни есенцијални масла и шеа путер – кои содржат многу витамини, како јојоба, сончоглед, лимон, масло од бергамот за негување на кожата и рузмарин, лаванда, масло од здравец за смирување и измазнување на кожата.

Balancing Gel 

Хидратантна крема за лице во вид на гел која хидрира и помага да се изедначи грубата и сува кожа. Овој производ за ревитализација на кожата има леплива текстура слична на мед, па затоа е подобро да ја користите во последниот чекор од рутината за нега на кожата. Формулиран со само 7 EWG проверени состојки, вклучително и корен од млечна трева и семе од јојоба, кои овозможуваат кожата да биде мека и еластична.

 

Down Line

Down Line во основа ја намалува температурата на кожата што помага да се спречи забрзано губење на вода и да се смири иритираната кожа. Овие корејски производи за убавина имаат ефект на хидрирање и смирување на чувствителната кожа како последица на различни фактори како што се изложување на сонце, клима, стареење и загадување на воздухот. Овaa рутина за нега на кожата се препорачува за комбинирана до мрсна кожа и чувствителнa кожа.

Корен од Coptis Japonica

Коренот од Coptis Japonica се дистрибуира и култивира како традиционална лековита билка во Источна Азија поради неговите антиинфламаторни, антиоксидантни и антимикробни, како и својства против стареење. Според Здружението на козметички научници и Société Française de Cosmétologie, ефикасно делува при намалување на отоците на кожата со својата клучна компонента, берберин.

Предлог рутина за нега на кожа Down Line

Cleansing Foam, Mist Toner, Moisture Ampoule, Moisture Cream

Mist Toner

Тонер од типот на спреј помага во ублажување на иритацијата и црвенило на кожата со ефекти на непосредно ладење,  ја задоволува жедта на вашата кожа со освежувачка влажност. Овој смирувачки тонер за лице е составен од 91,9% екстракт од корен од растението Coptis Japonica и хијалуронска киселина, правејќи ја кожата смирена и хидрирана.

Moisture Serum

Лесен и ревитализирачки серум за лице, одличен за смирување и навлажнување на кожата, обезбедуваjќи обилна хидратација. Како мешавина од масло и формула базирана на вода помага во урамнотежување на водата и маснотиите на вашата кожа и ја зајакнува бариерата на кожата.

Moisture Ampoule

Силно потентен засилувач на хидратацијата, кој содржи 6 EWG сертифицирани нежни состојки кои се добри за чувствителна кожа, склона кон црвенило и иритација на кожата. Хранлива но, смирувачка формула помага да се оживее кожата која е без сјај, дехидрирана и груба.

Moisture Cream

Овој нежен крем за лице лесно се впива во дехидрирана кожа без да остави лепливи траги. Формулиран со екстракт од корен Coptis Japonica и масло од јојоба, помага за воспоставување на рамнотежата на кожата и ја заштитува вашата кожа, подобрувајќи ја нејзината бариера. Може да се користи како секојдневна хидратантна крема за сите типови на кожа но, идеална е за мрсна, чувствителна и кожа склона кон акни.

 

ACNE Line

Оваа реномирана корејска клиника за ориентална медицина развива специјални формули за чувствителна кожа што е склона кон акни, дамки, црвенило, иритација и црнки. Специјалната линија за третман содржи пептиди и други лековити и смирувачки состојки кои помагаат за обновување на кожата, контрола на себумот и намалување на воспалението (анти-инфламаторно дејство).

Acne Toner 

Одличен тонер за кожата со акни кој помага во одржување на балансот и хидрирање на кожата после чистење. Има водена лесна текстура што го прави да се апсорбира прилично брзо. Благодарение на составот од смирувачки и пилинг состојки, овој тонер ги отстранува мртвите клетки од кожата, ја омекнува текстурата на кожата и ја смирува кожата склона кон акни.

Acne Spot Cream

Овој третман, се нанесува локално на самото место и е специјално решение за кожата погодена од акни, а истовремено спречува повторување на акните. Со своите силни антиинфламаторни ефекти, овој високо концентриран пептид помага во брзото ослободување од акните за кратко време (од 12-24ч).

Acne Cream

Pyunkang Yul кремот за акни е еден од најдобрите навлажнувачи за кожа склона на акни. Тоа е крем без маснотии, лесен, со смирувачки и лековити својства. Формулиран со кора од бела врба, суспензија од плод од форситиа и Centella Asiatica, помага во разладување на иритираната и воспалена кожа, спречува бактериска пенетрација и го контролира производството на себум, истовремено зајакнувајќи ја регенерацијата на нови клетки.

Acne Spot Patch

Супер-тенка хидроколоидна лепенка помага во лекување на акните со природно прекривање. Помага да се извлечат сите масти и нечистотии од мозолчињата и да се заштитат проблематичните области од понатамошно ширење на бактерии кои предизвикуваат акни, а исто така ги минимизираат и лузните од акните.

Acne Dressing Mask Pack

Маска која се користи како решение за нега при итни случаи, кое се фокусира на вашите посебни, засегнати области, наместо на целото лице. Многу брзо ги смирува и навлажнува насочените области (10 минути).

 

Кои производи на Pyunkang Yul треба да ги користам за мојот тип на кожа ?

  • Мрсна кожа:

Mist Toner, Moisture Ampoule, Moisture Cream

  • Сува кожа:

Cleanser, Essence Toner, Facial Oil, Nutrition Cream, Intensive Repair Cream, Balancing Gel

  • Комбинирана кожа:

Cleanser, Mist Toner, Moisture Cream, Moisture Ampoule/Serum

Повеќе

Uncategorized

Пубертетски акни

Пубертетот е период на големи промени во организмот, но пред се хормоните и нивните варијации се главната причина за појава на акни во пубертетот. Во

tip na koza
Нега на лице

Како да го идентификувате типот на кожата и грижа за секој тип на кожа?

Дали некогаш сте се запрашале кој е вашиот тип на кожа? Ние ќе ви помогнеме да го разберете вашиот тип на кожа со цел да ја прилагодиме вашата рутина за нега на кожата, за подобро да одговара на вашите индивидуални потреби.

Дали некогаш сте се обиделе со „најневеројатниот производ за нега на кожата“, но тој не прави ништо за вашата кожа, па дури и ја влошува кожата? Кога станува збор за нега на кожата, не постои едно волшебно решение за сите, бидејќи кожата на сите е уникатна и нејзините потреби честопати можат да се променат како резултат на хормонални, сезонски и други фактори на живот.

Многу е важно да се открие вашиот вистински тип на кожа и многу луѓе погрешно ги дијагностицираат типовите на кожата! Разбирањето на типот на кожата е од витално значење за да ви помогнеме да ги изберете вистинските средства за чистење на лицето или навлажнувачите за лице кои се клучни производи за здрава и сјајна кожа!

0
Кошничка
  • Нема внесено продукти.